Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски, во емисијата Х-0, na Канал 5 телевизија,обелодени документ со печат „државна тајна“, според кој медијаторот Метју Нимиц во 2005 предложил три години земјава да се вика Република Македонија со латинична транскрипција, за по три години да си го врати името Republic of Macedonia.
„Кој беше предлогот на Нимиц во 2005-та година? Во првите три години да бидеме Република Македонија со латинична транскрипција, а потоа Republic of Macedonia засекогаш“, изјави Црвенковски.
http://www.youtube.com/watch?v=iapK6eVtlBY&feature=player_embedded
Документот , предлага дека јазикот на Македонците, ќе биде „Macedonian“.
Предлогот бил одбиен од тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски.
Црвенковски потсети дека во 2008 Никола Груевски прифатил предлог Република Македонија (Скопје), но бил одбиен од Грција.
Ова е документот што Бранко Црвенкосвки го покажа во емисијата