Во Бразил вчера започна Светското првенство во фудбал кое го следат фанови од целиот свет, како и тројца фанови надвор од овој свет.
Американските астронаути Рид Вајсман и Стив Свансон и нивниот германски колега Александер Герст ќе ги поддржуваат нивните национални тимови од речиси 400 километри над површината на Земјата, поточно од Меѓународната вселенска станица.
Вајсман вчеравечер ги сликал Рио де Жанеиро и Сао Паоло додека Меѓународната вселенска станица кружела околу Земјата.
На една од сликите се гледаат и трите стадиони на кои се играат натпреварите од Светското првенство, „Арена де Сао Паоло“ во истоимениот град, „Естадо Минеиро“ во Бело Хоризонте и „Естадо до Маракана“ во Рио де Жанеиро.