Германија ги повика своите граѓани да го напуштат Ирак

Од:

Германија вчера упати апел до своите граѓани веднаш да ги напуштат нестабилните региони во Ирак, вклучително и главниот град Багдад.

Берлин предупредува дека пред се треба да се напуштат ирачките провинции Анбар, Ниневија и Салах ал Дин, како и Багдад. Германските власти изразија загриженост и поради ситуацијата во провинциите Дијала и Киркук.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер истакна дека настаните во Ирак претсатвуваат драматчно влошување на ситуацијата.

– Ситуацијата е алармантна бидејќи борбите се закана не само за Ирак, туку и за целиот регион, кој е дисбалансиран од војната во Сирија, посочи Штајмајер.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Нападната е американска воена база во Ирак

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски