Советот за безбедност на ОН повика за итен дијалог за решавање на кризата во Ирак

Од:

Советот за безбедност на ОН ги осуди пројавите на тероризам извршени во Ирак каде џихадисти продолжуваат да напредуваат кон Багдад. Тие повикаа на итно почнување дијалог меѓу сите страни во конфликтот.

Претставниците на СБ на ОН вчера заседаваа зад затворени врати каде им беше претставен извештај на специјалниот пратеник на ОН во Ирак, Николај Младенов за ситуацијата во државата.

СБ на ОН изрази поддршка за Владата и народот на Ирак во борбата против џихадистите од Исламска држава во Ирак и Левант кои напредуваат во воените акции кон Багдад притоа заземајќи големи територии во северозападниот дел од државата.

На седницата било укажано дека мисијата на ОН во Ирак има сосема ограничен капацитет да се справи со хуманитарните потреби на половина милион Ирачани раселени од Мосул по заземањето од страна на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа