ФИФА и забрани на бразилската пејачка Клаудија Леите да се фотографира во дресот на фудбалскиот клуб „Барселона“, затоа што спонзорите на овој шпанскиот прволигаш се конкуренти на главните финансиери на Светската фудбалска организација, објави денеска бразилскиот весник „Фоља де Сао Паоло“.
Леите, која на вчерашното отворање на Светското првенство во Сао Паоло заедно со Џенифер Лопез и раперот Питбул ја изведе службената химна на првенството „We are one“, била облечена во дрес на „Барселона“ на една промоција на Мундијалот.
На крајот на промоцијата Леите била замолена е да се фотографира во дресот на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, кој е играч на „Барселона“. Но, во моментот кога сакала да го облече дресот на „Барса“, реагирале делегатите на ФИФА, укажувајќи и дека на дресот се означени спонзорите на каталонскиот клуб „Најк“ и „Катар Ервајс“, кои се конкуренти на спонзорите на Светското првенство „Адидас“ и авиокомпнаија „Емиратс“.