1.
Неколку пати сум се зарекол пред себе дека нема да реагирам на будалаштиниве на служителчињава од различни провениенции, ама пусто, не ти дава. А всушност и би било тотално досадно да ги нема да ми го разубават денот, ако ништо друго да ме насмеат. Сакаш „професоркана“ која пола држава прогласи за социопати, сакаш оној бившион „амбасадор“ и неговите теории за заговор, оној бугаро-македонецот кој не’ продава на Русите или оној писателон кој мудрува за се’ и сешто ама не гледа што му се случува во државата … Ниту пак политиката е којзнае колку позабавна, овака без опозиција како општа заебанција на шуто и рогато и, нормално, дежурен виновник. Можен вид на забава се претстојните заеднички добрососедски славења, малку Св. Климент, малку Илинден … Лисичков предлага заедно да сме славеле и Нова Година. Зошто да не? А 2 февруари?!
2.
Ама, колку и да се инаетам, еден непрежален лик никако не можам да го ескивирам. Колку и да се трудам да не ги читам, уште помалку гледам – особено заради фотографијата – оние негови „од г’з м’кнеж“ умоболија за сликари, за правци, за времето, за заговорите … се’ некако, сакал-нејќел, налетувам на него. А се трудам. Зашто знам дека веднаш почнуват да ме чешаат прстите, да ми се јавуваат некакви алергии, да ми се крева притисокот – секоја чест на „Скоприл“ – и слични нездрави манифестации. Иритира до зла бога. И знам дека (ќе) морам пак да се (зае)бавам со него, да му посветам макар и минутка од убавиот ми дневен распоред.
А не заслужува. Верувајте, ако другине лесно се подведуваат под поимот слугинчиња, или служителчиња, „служинчад“ шти би рекле Хрватите, овој не може да биде ни тоа. Овој не може да ги врши ни тие работи, не може ни дрва да исцепи, кујна да води, да подзачисти, оган да потпали за него е пресложена операција. Тој е тип од оние измеќарчиња што понекогаш мора човек да ги викне, да му завршат некаква најбанална работичка. Да префрли од овде – таму, пд таму – онаму. Толку им фаќа умот, толку дал Господ. Последното измеќарче на Глупоста!
Но она што навистина ми прави ќеиф е фактот дека почнав на овој новопечен „неоконзервативец“ да му го фаќам ритамот. Точно знам кога прекинува со неговине просеравања наречени „Мислења“ и кога се вклучува алармот за „сериозни“ општоплукачки теми. Односно, како пред очи ми се сцените како, прво, добива инструкции дека е време да се активира, потоа добива конкретна тема, и – се фрла на работа. Како во времето на длабоката илегала, како Тихи и Прле. Не знам точно како ги добива инструкциите зашто, наводно, нема телефон, ама мислам дека сепак има. Онаков, еднонасочен, само со слушалка! Не сум прокљувил уштекој му се јавува. Го виделе, сепак, како кмише пред одделни кабинети, онака измеќарски, ама тоа е од втора рака.
3.
И точно според моите предвидувања, еве ти го Сарајлија како победоносно распалил по се’ и сешто, блуе огнови и отрови на сите страни ко предисториска аждаја. The Game of Trones, година петта, епизода којзнае која. Сарајлија, нормално, во главна улога.
Блуе Сарајлија и по глобалистичките македонски комесари (зарем толку важни луѓе сме имале?), и по некаков „културен пуризам“ (?!), и по „одредени доктрини“ за пасивноста и непродуктивноста … Права војна, пршти на сите страни, растура, каква Козара, каква Сутјеска, ова е борба. И се чуди шутраков како е можнопасивноста и непродуктивноста да се „подобри општествени состојби отколку масовната и френетична продукција на кич за огромни средства“! И сега некој треба да му го објаснува ова, како на мало (или малоумно?) дете, дека навистина е подобро да не правиш ништо отколку да правиш – штета?!
И според него, овие нашиве „глобалистички комесари“ – божем тие жарат и палат во државава, а не неговата полуписмена гаулајтерска братија – тврделе дека „анахрониот и демоде стил е катастрофа за македонската култура“. Ама за него тоа е само „демек“, зашто тој, нели, верува дека тој и таков стил е некаков национален проект, што ли? И неговото не ти било парадоксално и гротескно, туку таков бил тврдиот модернистички став на нашиве „антиграѓански ориентирани идеолошки групи“. Абе, да ти пукне таквото кога ваков талибан ти продава идеологија! (Ако овој „неоконзервативист“ знае што е мондијализам и глобализам, јас ушите си ги сечам!).
4.
Но она што е новина, илити идеолошка надградба кај нашиов минхаузен, е неговата новооткриена видовитост. Не е јасно дали и таа е инструирана преку еднонасочниот (скриен) телефон, ама овој навистина да ти се умислил видовит. Ко онаа Клеоптра од „Канал 5“. И тресе ли тресе. И прашува каков ли тек би добила македонската култура при некоја нова смена на власта, и веднаш се фаќа за нему (и неговите гаулајтери) најбитното: „што би се случило со ’огромните’ средства што актуелните власти ги инвестираат во државната култура“? Е па, пак вам ќе ви ги дадат, шапшал ни еден! Да си „градите“ замоци ни на небо ни на земја, или мостчиња со тролчиња, или нови филмски сетови, па платени и преплатени изложби секоја божја година, нови „злата“ и стакленца по ѕидови … Огледалце мое, најглупав на светот кој е?
Кај те сврби таму се чешаш, вели народот. Па така и овој се загрижил што ќе правеле другите со парите? Каде ќе ги инвестирале средствата? Во такви будали секако не, сигурен сум. Ни во неговата братија, зашто тие не заслужиле ни скршена пара. А за институциите – односно остатоците од нив, за археологијата – односно остатоците од неа, за културната промоција – односно руините од неа, веројатно ќе има кој да мисли. Многу подобро и поконструктивно. Зашто денешната пустош е ненадминлива. Тие „хипотетички“ нови власти, како што ги именува Сарајлија, сигурно ќе умеат нормално да се справуваат со современите предизвици на културата и уметноста.
Идеолошкото лудило наречено „антиквизација“ (од коешто сега сите очигледно бегаат, вклучително и Сарајлија, облекувајќи ’антиквестовски’ Бајроновски гаќи), марифетлукот наречен „барок“ (од којшто, повторно, сега сите бегаат во „неокласицистичка реставрација“), болните тиради од типот на „неокласицистичката реставрација на македонската историска урбаност (со неколкувековно задоцнување)“… е нешто што навистина ќе запре. Зашто нема потреба од такво лудило. Оваа култура и оваа уметност заслужиле да се развиваатнормално, а не според манијакалните рецепти на мувлосаниов идеолог! И кому ли му ја продава таа перверзна „идеологија“?
Можно ли е некој се’ уште да слуша ваква будала?
5.
Но, најодвратно, и тоа баш онака селски, итромански дегутантно, е умилкувањето на лумпен пролетеров на целиот уметнички опозициски блок, на онаа мала но интелектуално и творечки силна независна уметничка сцена.Откако сите сериозни уметници го сместија таму кадешто навистина му е местото, шутрачево сега им се упикуе спинувајќи дека мрачните глобалисти, македонските мондијалисти да ти биле тие, а не тој и неговата гаулајтерска братија, што ги смести во монтажни галерии, алтернативни подруми и други места токму како непријатели, дегенирици, идиоти … А токму тој, по име и презиме, седеше и седи во сите можни селекторски комисии каде си ги множи колегите со нула, токму тој, по име и презиме, им ги прогласува проектите за ступидни, за да остане повеќе за него. За да може тој, нашиот современ „Рембрант“ (sic!), да се искачи во неговата кула наречена МСУ и да господари со македонскиот уметнички пробисвет. Токму со неговата „фриволна плакативност и еднодимензионалност“ од типот на „Алекс и Окси“!
И се загрижи на крај шашалчево некој да не му ги чепне омилените му „институции“: музеи (кои бре црни музеи, оној на хоророт?), театри (кој, оној позлатенион „Александар I Караѓорѓевиќ“?), филхармонија (која, онаа нова руина што сакаат да ја сокријат со новата колонада?) … кои се тие институции за кои се загрижи Сарајлија? А поминал ли скоро во „Мала станица“ … во „Чифте амам“, да види што и како оставија неговите директор(к)и; се’ уште ли го смета и МСУ за институција, замандалена ко зандана и упропастена со онаква поставка од типот „тревките на Баба Рада“; видел ли на што личи Музејот на Македонија во последно време, откако го разнесоа неговите директори и гаулајтери; за кои и какви институции во внатрешноста говори оваа будала … за какви културни политики тртља кога тој и неговите браќа по оружје не оставија ни „к“ од култура ни „у“ од уметност? Или му се погодија тоа „глобалистите“ во македонска варијанта, па ќе им ебава мајката?
6.
Но, мислам дека човекот си има сериозен проблем. Односно повеќе сериозни проблеми, но во случајов тоа е проблемот на досада. Типичен „интелектуален“ проблем, а Сарајлија е интелектуалец, нели? Од десноно сокаче де, како Томе од левата бензиска пумпа, и уште некои „интелектуалци“, де!
А за досадата има само еден лек – работа. Arbeit macht frei, та нели тоа беше неговата омилена? Затоа, мислам дека имам соодветно решение за него. Како обожувател на новиот му Музеј на македонскиот хорор, а имајќи ја предвид неговата веќе „славна“ омраза и деструктивност кон се’ што замирисува на црвено, на модерно, на глобално … мислам дека треба да го вработат таму како главен кустос. Па тој бре брате ќе ужива во таа садо-мазо средина. И ќе го држи под контрола оној полуписменион „директор“ кој мисли дека директорува во уметничка галерија. Ќе му ја објасни разликата, ако може.
Башка, сега му ги инсталираа и омилените му ликови: Хитлер, Мусолини и компанија. Ќе мора да иницира восочно отелотворување и на Гебелс, се разбира. И секој ден ќе може да им салутира, да ги гали, да им брише прашина … ееееј каква сцена ќе биде тоа. За филм. А бидејќи е, нели, и филмаџија (оф мори мајко!), можеби ќе добие и некаква инспирација и повторно ќе не почести со некое негово ново срање, пардон ремек дело! И така човекот си го губи времето пишувајќи будалаштини што нервираат народ. Вака ќе си биде исполнет, и – мирен!
7.
И не се вика „Lauger“ бе, шутрак ни еден неписмен, туку „Luger“!