СП 2014: Меси посакува финале против Бразил

Од:

Првата ѕвезда на аргентинската репрезентација Лионел Меси изјави дека негова желба е во финалето на Светското првенство да играат неговата Аргентина и домаќинот Бразил.

– Остварување на мојот сон е да играм во финалето на Светското првенство и се надевам дека ќе можеме тоа да го постигнеме. Би сакал на завршниот натпревар да играме против Бразил и мојот соиграч од Барселона, Нејмар. Но, може да биде и друга селекција, рече Меси за каталонски „Спорт“.

Најдобриот играч на „гаучосите“ се надева дека ќе може да стигне со својата репрезентација во самата завршница.

Аргентина во првата фаза на Светското првенство игра во групата Ф, а ривали им се: Нигерија, Иран и Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар Аргентина го игра против БиХ на 15 јуни на „Маракана“ во Рио Де Женеиро.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он