Затворска казна за предизвикувачите на немирите во Ѓорче

Од:

Две условни и една затворска казна од шест месеци донесе Кривичниот суд по брза постапка, откако тројца од петмината во првата група на обвинети за немирите во Ѓорче Петров по убиството на матурантот Ангел, уште на првото рочиште ја признаа вината, објави Канал 5.

Двајца од обвинетите кои ја признаа вината добија условни казни, а третиот сторител добил затворска казна, бидејќи претходно бил осудуван. Сите тројца се пуштени од притвор, а за лицето кое е изречена затворска казна се гарантира со патна исправа.

Петмината се товарат за кривичното дело – учествување во толпа кое спречува службено лице во извршување на своите обврски, за што според Казнениот закон на Република Македонија следува затворска казна од 3 месеци до 3 години.

Би можело да ве интересира

По заминувањето од функцијата, ексградоначалникот на Ѓорче се гоштевал на општинска сметка со свинско и ракија

Кристијан Ландов

Заев за кандидатот за локални во Ѓорче: Наумоски ми е другар, но прв приоритет е победата

Кристијан Ландов

Во Ѓорче Петров отворен парк за миленици

Жарко Настоски

12-годишен штитеник избегал од Домот за деца со воспитни проблеми во Ѓорче

Жарко Настоски

Заев, Ѓорче те сака – платно пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Извршен увид во градежните работи на улицата „Ѓорче Петров“

Емир Латифовиќ