Холандскиот навивач, Бен Уде Кампхујс со својот камион поминал 21 илјада километри, за да го бодри својот национален тим на Мундијалот во Бразил.
Педесет и тригодишниот Кампхјус своето патување го започнал на 15-ти јануари, а по патот поминал низ 15 држави, односно САД, Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Костарика, Панама, па со брод до Колумбија, потоа низ Еквадор, Перу и на крај пристигнал во Бразил.
-Поминав 21 илјади километри од Сан Француско до овде, без ниту еден проблем со ова старо возило. Патував низ планини, пустини, прашуми-вели тој.
Бен веќе 23 години живее во САД, односно во Сан Франциско, а вели дека во подготовките на камионот му помогнале децата со посебни потреби, со кои што работи.
-Мислам дека Холандија ќе стане шампион. Мораме да имаме амбиции и да веруваме. Доколку велат дека нема да успееме, зошто го направив сето ова – прашува овој холандски навивач.
Е. Г.