Лоши вести пристигнаа во текот на вчерашниот ден за селекторот на Бразил Луиз Фелипе Сколари. Во сообраќајна несреќа загина неговиот49-годишен внук од сестра, па бразилскиот селектор размислувал да го напуши кампот на репрезентацијата за да биде со најблиските, јавија светските медиуми.
Домаќинот на Мундијалот утревечер во Сао Паоло ќе се сретне со Хрватска во премиерниот натпревар од шампионатот и неизвесно е дали ќе бидат предводени од нивниот 65-годишен селектор.
Бразилците предводени од Сколари во 2002 година го освоија шампионскиот трофеј, а на ова Светско првенство кое се игра во нивната земја се најголеми фаворити за повторување на тој успех што воедно би значело и шеста шампионска титула за „кариоките“.
Покрај Бразил и Хрватска, во А групата се репрезентациите на Мексико и Камерун.