Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Пауло Бенто изјави дека се до последен момент нема да се знае дали Кристијано Роналдо ќе настапи на последниот подготвителен дуел за СП против Ирска закажан за 1 часот и 45 минути по полноќ.
– Ќе оставиме времето да покаже дали и колку нашиот најдобар фудбалер е подготвен за натпревари. Нема ништо да ризикуваме и само максимално подготвен би го ставил во игра. Многу ни значи неговото присуство, но треба да разгледуваме варијанти и без него, изјави селекторот на Португалците.
Роналдо пред само три дена им се приклучи на своите колеги во подготовките. Тој поради повреда на коленото и бутниот мускул пропушти поголем дел од подготвителниот период.
Најголемата португалска фудбалска ѕвезда очекува до првиот дуел на Мундијалот на неговата репрезентација закажан за 16 јуни против Германија, да биде максимално подготвен за настап.