Некои делови од Белгија, изминативе денови ги зафати големо невреме со град и грмотевици, кое предизвика голема материјална штета.
Бурата која дошла од правецот на Франција, се движела кон североисток, а најмногу се погодени регионите на Телт и Антверп, каде што градот бил со големина на топчиња за голф.
-Паднаа 30 литри вода на метар квадратен- велат метеоролозите кои очекуваат временските услови да се поправат дури денес.
Е. Г.