Тропската бура Кристина се формира крај југозападниот брег на Мексико, а метеоролозите очекуваат таа да премине во ураган во текот на неделава.
Националниот центар за урагани во Мајами на Флорида, соопшти дека бурата синоќа била во Карипското Море на околу 250 километри југозападно од мексиканскиот град Сиватанехо.
Бурата е проследена од ветрови со максимална брзина од околу 65 километри на час. Таа се придвижува кон запад и се очекува да продолжи во правец кон морето.
Засега не се објавени предупредувања за опасност во врска со бурата.