Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо на изненадување на домашната јавност за главни фаворити за освојување на претстојниот Мундијал ги смета Шпанија и Аргентина, а не неговата репрезентација која е домаќин на шампионатот.
– На СП ќе се појават репрезентации од земји кои осум пати биле светски шампиони во минатото и сите тие го заслужуваат мојот респект. Сепак јас како главни фаворити за освојување на трофејот би ги издвоил Шпанија и Аргентина, додека потенцијал за изненадување има и Португалија, истакна поранешниот бразилски репрезентативец.
Светското првенство почнува на 12 јуни во Сао Паоло со натпреварот Бразил – Хрватска.