Паоло Бенто, селекторот на португалската фудбалска репрезентација денеска изјави дека никој од таборот на Португалците не знае кога нивниот најдобар играч ќе биде подготвен за враќање на теренот.
– Не можам да кажам дали Роналдо ќе биде во комбинација за настап против Германија. Тоа во овој момент не го знаат ниту лекарите. Јас се надевам дека тие ќе го оспособат до 16. јуни и дека тој ќе биде во составот за првиот дуел од Мундијалот. Нашата игра со него и без него е сосема различни, а исто така и шансите за успех не се исти, изјави Бенто.
Кристијано Роналдо ноќеска не настапи за својата репрезентација на последниот подготвителен дуел на кој Португалија го победи Мексико со 1:0.
Португалија на Светското првенство во Бразил ќе игра во Г групата заедно со Германија, Гана и САД.