Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев на местото на Марко Ројс на списокот патници за Светското првенство го стави Шкодран Мустафи, членот на калчолигашот Сампдорија.
Ројс на синоќешниот дуел со Ерменија го повреди левиот скочен зглоб и ќе го пропушти Мундијалот во Бразил кој почнува на 12 јуни.
За неговата замена селекторот Лев вели дека може да одговори на задачите.
– Мустафи беше одличен на подготовките и верувам дека ќе одговори на сите мои барања. Знам дека во целост можам да се потпрам на него, изјави германскиот селектор.
Германија првиот настап на СП ќе го има на 16 јуни против Португалија, а во групата Г уште се наоѓаат и САД и Гана.