На пет дена до почетокот на фудбалскиот Мундијал ноќеска се одиграа неколку пријателски натпревари на кои репрезентациите учесници ја темпираат формата за официјалните настапи во Бразил.
Домаќинот на Светското првенство, во Сао Паоло минимално со 1:0 ја совлада Србија. Победничкиот гол за „кариоките“ го постигна Фред во 59.минута.
Постигнати резултати на другите средби: Германија – Ерменија 6:1, Хрватска – Австрија 1:0, Колумбија – Јордан 3:0, Јапонија – Замбија 4:3, Грција – Боливија 2:1, Ирска – Костарика 1:1 и Мексико – Португалија 0:1.