Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска се сретна со заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија Бартон Путни.
Како што соопшти партијата, на состанокот станало збор за актуелната политичка ситуација, неодамнешните избори, интеграциските процеси и регионалните случувања.
Тачи нагласил дека неговата партија ќе продолжи да придонесува за вистински политички дијалог и дека ќе биде дел од демократскиот процес во земјата.
Соговорниците се согласиле дека мора да се работи максимално на приоритетите како што е евроатлантското интегрирање за подобра перспектива на Македонија и регионот.