ЕУ: Израел да прекине со плановите за ширење на населбите

Од:

Европската унија изрази „длабоко разочарување“ откако Израел обелодени планови за нови 3.200 домови за Евреи и повика таа одлука да се укине. Тендери за речиси 1.500 нови куќи за еврејски доселеници и планови да се забрза изградбата на уште 1.800 објавени се во знак на одмазда за формирањето на палестинска влада поддржана од меѓународната заедница и Хамас.

– Длабоко сме разочарани што израелската администрација објави тендери за 1.466 станбени единици во источен Ерусалим и во останатиот дел од Западниот брег, наведува ЕУ во соопштение.

Тие оценуваат дека тој потег не придонесува за мировните напори.

Одлуката на израелските власти предизвика реакција на Палестинците кои најавија дека ќе побараат нова резолуција во СБ на ОН против доселувањето, и тоа ќе биде за првпат по повеќе од три години.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел