Лавров се надева дека САД ќе влијаат врз Порошенко за смирување на ситуацијата во Украина

Од:

Русија се надева дека САД ќе го искористат влијанието врз новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко за прекин на насилствата и воената операција. Тоа го изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средба со државниот секретар на САД Џон Кери.

Средбата се одржа во хотел во центарот на Париз во пресрет на церемониите по повод 70 години од сојузничката операција во Нормандија.

– Се надеваме дека влијанието на САД врз новоизбраниот претседател на Украина ќе биде искористено за прекин на насилствата и конфронтациите, истакна Лавров.

– Не се сомневаме дека нашите американски партнери може да влијаат врз Порошенко и тоа се потврдува со фактот дека првата посета тој не ја направи во Донбас, туку во Полска на средба со претседателот на САД, додаде Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата нагласи оти му укажал на Кери дека дел од акциите на САД и ЕУ не помагаат за создавање конструктивен дијалог.

– Напротив, тие создаваат кај некои активисти во Киев илузија дека се им е дозволено. Таков развој на настаните нема да предизвика ништо добро, потенцира Лавров.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД