СДСМ: Логиката да се трошат пари за фонтана е разбирлива само од аспект на тендерските бизниси на Груевски и Трајановски

Од:

„Власта на Никола Груевски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски продолжуваат да ја газат изразената волја на граѓаните на Центар кои јасно се спротивставуваат на проектот Скопје 2014.

Логиката, да се трошат народни пари за поставување нова фонтана на плоштадот Македонија, веднаш до веќе постоечката фонтана на Воинот на коњ, е разбирлива само од аспект на тендерските бизниси на Груевски и Трајановски.

Напразно потрошените средства, за фонтана до фонтана, власта и градоначалникот на Скопје можеа да ги искористат за енергетски ефикасни фасади, на што веќе работи општината Центар. На овој начин практично ќе се потврдеше определбата Скопје да биде енергетски ефикасен град. За жал, главниот град е далеку од тоа.

Денешното потпишување Меморандум за разбирање за зајакнување на Мрежата на енергетски ефикасни градови од страна на Град Скопје е врв на лицемерието на Коце Трајановски“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот