По спроведените контроли во изминатиов период Комисијата при Министерството за здравство и прогласувањето на степенот на зрачење и високите температури открила дека многу фирми не ја почитуваат забраната за работа на високи тепмератури и висок индекс на зрачење. Биле изречени повеќе од 120 мерки на поеднинечни субјекти.
„Против два субјекта беа поведени прекршочни постапки затоа што не ја почитуваа забраната за вршење на работа на отворено на конкретен објект. При таквите контроли ние не ја казнувавме целата фирма и не забранувавме нејзина целосна активност и работа, туку забранувавме вршење на работа на строго утврден специфичен објект“, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски на заедничката прес-конференција со директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
Тој посочи дека фирмата, која добила забрана за работа на некој објект не требала да врши работни задачи на тој конкретен објект, а тоа не значело забрана на други места.
„Кај две фирми беше констатирано дека е прекшена забраната и за нив се води постапка. Согласно Законот казните се меѓу пет и седум илјади евра“ рече Ристовски.