Патешествието на Љубе

Од:

Сите кои сметаат дека врз некого имаат право на суд, никогаш нека не ја заборават правдата, нека не заборават дека кога судат неправедно всушност на себе си пресудуваат, беше кажано на една молитва во соброниот храм во Скопје по повод започнување на Хашкото судење и притоа се додаде: впрочем пред божјиот суд сите ќе излеземе.

Вие господо кои спротивно постапувате на принципите на функционирање на државните институции и божјите човекољубија, вие кои се одрекувате од сите дела направени во Македонија и за Македонија, вие кои се згрозувате и на постапките на своите партиски пратеници, како ќе ги земете во прегратка вашите чеда, што ли ќе им кажете на вашите внуци?

Вие кои Љубе неправедно го одвоивте од ластарите на својот корен – децата, го одвоивте од младалачкиот живот со својата сопруга и од староста на неговата мајка неможете да го оцрните, неможете да му го одземете она што од Бога му е дадено, неможете да му ја избришете Македонија што во срце му е изрезбана.

Зар не е доволно неговото досие со години стварано за самостојна и независна Македонија. За него Македонија е библиска земја, за него Македонија е вечна и бесмртна.

Неможете да му ги оспорите безбројните средби со нашите иселеници, со врвните европски и светски авторитети, премиери, канцелари, претседатели и безброј лидери во деведесетите години кој ги оствари како задграничен секретар на ВМРО. Неможете да му ја намалите заслугата за активностите во деведесетите години во виорот на војната во Хрватска.

Имав прилика во родната куќа на Љубе да бидам почестен на традиционален македонски начин да им посакам добредојде, пријатен престој со добро расположение на нивната екселенција трочлена делегација од Кинеската амбасада и неговата екселенција Хрватскиот амабасадор господинот Милошевиќ, кој евоцираше спомени за активностите на Љубе во кризните подрачја на Хрватска. Го слушав со каков епитет зборуваше, во такво друштво се чуствував горд Македонец.

Во времето на војната господинот Милошевиќ бил новинар кој известувал од подрачјата зафатени со војна. Не ни сонувал дека еден ден ќе влезе во политиката и дека лично ќе има прилика да соработува и да се запознае со Љубе, кој како новинар имал голема почит према неговото политичко дејствување.

Претседателот Туџман имал издадено нареба до хрватаските генерали да му се овозможи безбеден пристап на Љубе до сите места кои биле под контрола на Хрватските сили за извлекување на македонските војници кои беа на отслужување на воен рок во ЈНА. Ми остана во сеќавање кога амбасадорот кажуваше дека хрватските генерали повеќе стравувале за животот на Љубе,  одшто тој самиот за себе. Таква била наредбата на претседателот Туџман да се обезбедува Љубе во секое време и на секој дел од територијата.

Се изнамачија генералите со неговиот темперамент во активностите, ќе рече амбасадорот. Еден повеќе спасен војник за мене е мотив повеќе да навлезам подлабоко во кризните подрачја им велел Љубе на хрватските генерали.

Никогаш неможе да му се заборави улогата во 2001-та година и заслугата за одбрана на Република Македонија и на Тетовскиот регион каде што претеше опасност за масовно иселување. Не подлегна на притисоците со закани да ги повлече безбедносните сили од овој регион, напротив излезе пред новинарите и пред целата македонска јавност со јасна изјава : за Македонија спремен сум и со Хаг да се соочам.

Го одведоа, се соочи со голготата во хашките зандани, но докажа кој е Љубе Бошкоски. Затоа тој е силен, цврст зашто е правичен пред своите чеда, пред судот на својата совест, пред сите нас, пред Бога е чист и пред вас е правичен вие тоа доборо го знаете но се исплашивте, од што? од вистината? За вистината ли три години чмае во ѕидините на Идризово.

Правдата е спора ама победува. Македонците и сите граѓани на Македонија можат определен временски период да замолчат, начисто да занемат, својот крик длабоко во душата да го сокријат, но никогаш нема да заборават кој, колку, што и во какви околности допринел за Македонија.

Ти посакувам добро здравје и светла иднина за вечна Македонија со тебе во неа.

 

Даниел Пауновски

 

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска