Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Поварадарието.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 23 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Вредноста на УВ-индексот 7.
Во наредните денови следува приод на претежно стабилно и потопло време. В недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови само во источните делови на земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.