Армиите на државите од Балканот кои се во групата Форум Б-9, ќе продолжат со блиската соработка за да ја зајакнат регионалната безбедност, но и взаемно да си помагаат во кризни ситуации предизвикани од природни непогоди.
Тоа е заклучокот од состанокот во Сараево на началниците на ГШ на оружените сили на државите од регионот.
На состанокот учествуваа началници на ГШ на Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Турција, Грција, Романија и Бугарија како и командантот на Командата на НАТО во Неапол, Брус Клинган.
Хрватска и Словенија имаат статус на набљудувачи.
Началникот на ГШ на оружените сили на БиХ Анто Јелеч им заблагодари на сите држави кои понудија и дадоа помош за неговата држава за поплавите.
– Мора да бидеме подготвени во иднина регионално да одговориме во такви предизвици, додаде тој.
Форумот Б-9 е воспоставен на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година, а конференцијата на началници на ГШ се одржува еднаш годишно.