Адеми: Нема конечна одлука за поделба на ресорите и конкретни имиња

Од:

Генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми денеска од Тетово најави дека по утрешниот конгрес на ДУИ на кој ќе бидат избарни претседателот и Централниот одбор на партијата за неколку месеци ќе се одржи уште еден конгрес на кој тематски ќе се расправа за политиките и стратешките цели на ДУИ, Албанците и државата.

– Конгресот што утре ќе се одржи во Тетово е трет по ред. Тоа ќе биде изборен конгрес на кој ќе бидат избрани претседателот и Централниот одбор на ДУИ а ќе биде усвоен и статутот и програмата на партијата. За неколку месеци ќе имаме четврти конгрес што ќе биде тематски и на кој ќе се разговара за политиките, стратешките цели на ДУИ, Албанците и на државата. Утре ќе биде работен конгрес,а за неколку месеци следниот конгрес ќе биде тематски, изјави Адеми.

Тој најави и зголемување на бројот на членовите во две партиски тела Централниот одбор и Централното претседателство на ДУИ.

– Од Конгресот се очекува да се зголеми бројот на членовите на Централниот одбор на ДУИ од 75 на 81 член, а ќе се зголеми и бројот на членовите во Централното претседателство од 21 на 33, рече Адеми.

Во однос на кандидатите за претседател на партијата, Адеми нагласи дека засега има еден кандидат за претседател на ДУИ, но не се исклучува можноста утре на конгресот од страна на делегатите да биде предложен некој друг кандидат бидејќи, подвлече, тие ја имаат таа можност според статутот и деловникот.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде се разговорите за состав на новата Влада, Адеми посочи дека се уште се дискутира околу ресорите и не е решено се уште кои ресори ќе ги раководи ДУИ кои ВМРО-ДПМНЕ, така што се уште нема конечна одлука за поделба на ресорите и двата партнери немаат разговарано за конкретни имиња.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче