НУ Центар за култура Битола, МКЦ Битола и Порта Џез со задоволство ви ги претставуваат феноменалните Зоран Предин и Дамир Кукурузовиќ бенд, на концерт во Голема сала, Центар за култура Битола, во четврток 05.06.2014 год.
Зоран Предин е пејач, композитор, текстописец и кантавтор, најпознат како фронтмен на групата Lačni Franz, којашто ја формираше во 1979 година, една од најзначајните и најуспешните во некогашна Југославија. Во својата богата кариера има објавено 34 албуми од различни музички жанровиКомпонирал музика за театар, филм и ТВ серии.
Дамир Кукурузовиќ е еден од најдобрите европски џипси-џез гитаристи, а воедно и голем негувач на богатото музичко наследство на Џанго Рајнхард. Неговиот музички интерес е фокусиран на гитарата и на големата љубов кон џезот. Зоран и Дамир создадоа исклучително возбудлива концертна програма што опфаќа неколку заеднички авторски композиции, потоа џипси-свинг стандарди, како и пресек на најголемите хитови на Предин.