Кина: Несреќа во рудник, 22 жртви

Од:

При експлозија на гас во рудник за јаглен на југозапад во Кина, загинаа 22 рудари, а повредени се двајца, стои на сајтот на градот Чонгќинг.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“ несреќата се случила во рудникот „Јаншитај“, кој што е во сопственост на државната компанија „Чонгќинг енерџи“.

Не е разјаснето дали се работи за експлозија, бидејќи во соопштението се наведува дека инцидентот е поврзан со гас, без да бидат наведени повеќе детали.

Кинеската агенција „Синхуа“, пренесе дека во рудникот за време на несреќата имало 28 рудари и дека шестмина сами успеале да излезат на површина, меѓу кои и двајцата повредени.

Инаку и покрај тоа што во последните години со зајакнување на безбедносните прописи се подобрува состојбата во кинеските рудници, сепак доста често се случуваат несреќи.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин