Пожарот од Албанија се прошири и во Македонија

Од:

Пожарот кој вчера избувна на албанска територија, се прошири и во Македонија во близина на селото Бањиште, јави дописникот на  Макфакс. Станува збор за пожар на планината Крчин, кој на македонска територија е на над 100 хектари.

Претежно  горат стрништа и сува трева.

Постои опасност пожарот  да зафати и шумски површини.

Противпожарната екипа од Дебар заедно со вработени во ЈП „Македонски шуми“ Дебар се на терен и се обидуваат да го пресечат пожарот копајќи канали.

Засега нема информации дали пожарот се гаси од албанска страна од каде што избувна, велат преставниците на дебарската противпожарна служба, јави Макфакс .

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип