Првпат по 19 години Белгија воведе гранична контрола

Од:

Белгија воспостави гранична контрола првпат по 19 години од воведувањето на Шенген зоната во 1995 година.

Мерката е воведена пред утрешната дводневна средба во Брисел на шефовите на држави или влади на Г-7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција, Јапонија) и предвидува контрола на копнените граници, на аеродромите и пристаништата.

Според претставник на белгиското Министерство за внатрешни работи, проверките нема да бидат систематски и ќе бидат спроведувани единствено врз основа на податоци на полицијата и службите за безбедност.

Се очекува во обезбедувањето на дводневнот самит во Брисел да учествуваат три илјади белгиски полицајци. Мерките се интензивирани по нападот на 24 мај во Еврејскиот музеј во градот, во кој загинаа четири лица.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски