Фабио Капело, селекторот на фудбалската репрезентација на Русија, го изостави искусниот напаѓач на Ридинг, Павел Погребњак од списокот на играчи на кои ќе смета за престојното Светско првенство во Бразил.
Сепак, Капело најде место за капитенот Роман Широков, кој поради повреда ги пропушти пријателските средби до Словачка и Норвешка.
Последната проверка Русија ќе ја има во петок кога во Москва ќе одигра натпревар против Мароко, додека за Бразил селекцијата ќе патува во недела.
На списокот на Капело се:
Голмани: Игор Акинфеев (ЦСКА Москва), Јури Лодигин (Зенит), Сергеј Рижиков (Рубин Казан)
Одбрана: Василиј Березуцки (ЦСКА Москва), Сергеј Игнашевиќ (ЦСКА Москва), Георги Шеников (ЦСКА Москва), Владимир Гранат (Динамо Москва), Алексеј Козлов (Динамо Москва), Андреј Ешенко (Анжи), Дмитри Комбаров (Спартак Москва), Андреј Семенов (Терен Грозни).
Среден ред: Игор Денисов (Динамо Москва), Алан Џагоев (ЦСКА Москва), Роман Широков (Краснодар), Денис Глушаков (Спартак Москва), Виктор Фајзулин (Зенит), Олег Шатов (Зенит), Јури Жирков (Динамо Москва)
Напад: Алексадр Кокорин (Динамо Москва), Александр Кержаков (Зенит), Максим Кануников (Амкар), Алексеј Јонов (Динамо Москва), Александр Самедов (Локомотив Москва).
Русија е во група Х против: Белгија, Јужна Кореја и Алжир, на шампионатот кој ќе започне на 10 јуни и ќе трае до 13 јули.