Љубовта е променлива, времето е променливо, ти, јас, вие, сите ние сме променливи, само Македонија не се променува.
Во Македонија владее непроменливото, интересна ситуација која трае скоро 10 години и по теркот на работите очекувано е да тој интензитет да се намалува, но сепак овде се зголемува и зголемува. Емоциите го надвладеа разумот. Исто како во љувбовта и во политиката, љубовниците – партиите на власт наоѓаат споразум и сите несогласувања се решааваат, формула за долгорочна љубов – тендерска. Не пишав подолго време не дека изгубив желба, мотив и се разочарав од исходот и големата ,,победа,, од страна на ДПМНЕ, не пишав пријатели бидејќи се разочарав од опозицијата. Лицемериото го надвладеа единството, до вчера единствени во борбата, после изборите – ,,непријатели,,. Ме изреволтира раководното членството на СДСМ, што после изборите се подели на Заевисти и Бранковисти, па пријатели со поделено членство не се руши диктатура.
Добар беше Заев додека говореше за криминалите јавно, добар беше Заев му ракоплескавте, му дадовте рака за да влезе во рингот за да после очекуваната изгубена битка избегате сите како глувци од мачка. Е тоа се вика пријатели лицемерие, македонското проклетие. Викате не е добар изгубил, јас викам дека е добар и дека не изгубл, сите изгубивме – Македонија изгуби, не поради нас гласачите, поради вас лицемерите. Очекував доследност и лојалност, да се фокусра опозицијата кон започнатото, а не кон тоа кој е крив. Кога веќе обвинувате тогаш треба и да понудите, али очигледно е нема што да понудите, освен да се борите сами против себе.
Груевски си го доби не тоа што го посакуваше него тоа што и го говореше месец дена пред изборите. Ние гласачите како и по обичај петти пат во овие 10 години бевме известени дека се работи за криминални избори, организирани од страна на власта. Во говорот постои изрека која е дефинирана со зборот монотоност, дефинитивно монотон опис за преставување на изборниот резултат пред гласачите.
Секоја чест за неприфаќање на пратеничките мандати, исправна и храбра одлука, и верувам дека е одлука која ќе истрае до крај а не како што истраја декемврискиот отпор, за кој ден денес дел од опозицијата го карактеризира како нешто успешно, а за мене далеку од успешно. Не е успех да те исфрлат од собрание и да своето гласачко тело кое 23 години ти дава доверба го повикаш на отпор, за да после 2 месеци авантура, пост изборна кампања те вратат во Собрание.
Тоа е одлука која политиката од надвор ја издиктира, а за доброто на државата опозицијата ја прифати. Тогаш пријатели политичари не знаевте во што влегувате и поради љубовта кон татковината се вративте, ние луѓето измрзнавме. Сега знаете што правите и верувам дека нема да ги изневерите повторно вашите гласачи – нас народот. Старите убаво кажале два пати размисли еднаш направи.
Промените не се случуваат на другата страна, ако сакате да промениме треба да почнеме од нас самите. Буџетот од 2013 година го заборавивме, отпорот го заборавиме, тендерите на новинарката ги заборавиме, становите на пратеничката ги заборавивме, Љубе го заборавивме, Велија, Шиповиќ, Кежаровски и ред други работи стварно ги заборавиме, пријатели и аудио снимката на Груевски ја заборавивме. Поминаа 10 години многу работи заборавивме, прашајте некој сега за Скопје 2014 што мисли – али како да прашате кога и вие го заборавивте.
Дефинитивно слогата и единството е потребна како никогаш до сега, не е крив Заев, не е крив ни Бранко сами сме криви. Секое пишување за ДПМНЕ и ДУИ е залудно, тоа и правно е подржано, нивниот производ кој го продаваат на своето гласачко тело се вика ,,патриотизам,, нивната љубов нема цена тоа е онаа вистинска љубов на прв поглед, љубовта која не успеа помеѓу СДСМ и ДУИ ДПМНЕ си ја пронајде, својата сродна душа – љубовта наречена ДУИ.
Бараше 63 пратеници за да Албанците во Македонија не претеруваат со својте барања, па нели е тој истиот тој човек кој им даде двојазичност, нели е тој истиот човек кој ги амнестираше Хашките случаеви, кој дозволи преимнеување на школите – од македонски херои во албански, кој коалицира со нив 8ма година по ред, кој го призна Косово итн. И да сака повеќе да им даде неможе се е дадено, на локалните избори во 2013 година цела западна Македонија и припадна ДУИ, со што формално е поделена Македонија. Немам ништо против тоа да се гради, надградува али да се збори едно а да се дејствува спротивно е нешто друго.
Даниел Пауновски