Рибери неизвесен за Мундијалот

Од:

Фудбалерот на француската репрезентација Франк Рибери е неизвесен за Светското првенство во Бразил. Крилниот играч на француската селекција чуствува болки во грбот, повреда која ја има од финишот на сезоната.

– Загрижен сум за состојбата на Рибери, не можеме точно да утврдиме за што се работи – изјави Бискент Лизаразу, играч од шампионската генерација на „триколорите“ од 1998 година.

Малку повеќе оптимизам дека Рибери ќе игра на Мундијалот има кај селекторот Дидие Дешамп.

– Не сакам да навлегувам во полето на медицината, но ќе направиме се Рибери во што е можно подобра состојба да го дочека Мундијалот, рече тој.

На синоќешниот натпревар со Парагвај, Рибери беше на клупата, но не влезе во игра. Французите досега одиграа два пријателски натпревара пред Светското првенство против Норвешка (4:0) и Парагвај (1:1). Последната контрола ја имаат на 8 јуни против Јамајка.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он