Одбележување на кинескиот празник Дуанву

Од:

Институтот „Конфучиј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи традиционалниот кинески празник Дуанву.

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје предвидено е предавање за потеклото, историјата, значењето и обичаите поврзани со празникот Дуанву.

Ќе биде прикажан краток филм за традиционалните јадења кои се приготвуваат за овој празник, а ќе има и дегустација на пелмени со ориз, традиционално јадење кое се служи на празничната трпеза.

Овој значаен празник во Кина се прославува повеќе од 2.000 години. Дуанву во кинеската традиција се прославува на петтиот ден од петтиот месец, а го слави патриотскиот поет Чу Јуан (340 – 278 п.н.е.) и претставува можност Кинезите да го чуваат здравјето и да се спречат болести. Главни обичаи се трката со змејови лотки, јадење пелмени од леплив ориз, носење парфимирана торбичка и врзување на свилена врвца од пет различни бои.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска