Амбасадата на Република Полска и издавачката куќа „Култура” денеска организираат акција „Македонија им чита на децата“.
Целта на акцијата е да ги промовираат универзалните вредности како што се читањето книги на децата и воедно да се поттикнат најмаладите генерации да ја засакаат книгата и да створат навика за читање.
„Македонија им чита на децата“ е акција од социјален, а пред се од едукативен карактер и има намера да го збогати секојдневието на децата.
На акцијата ќе учествуваат деца од „Детското село СОС” и од здружението „Дајте ни крилја”, кои ќе се дружат со сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова и со сопругата на амбасадорот на Полска во Македонија, Кинга Мултановска- Нетман.