Светското првенство во Бразил ќе го обезбедуваат 170.000 полицајци

Од:

Бразил oд 12 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал, а за безбедноста ќе се грижат околу 170.000 полицајци. Во оваа бројка се вклучени и дел од приватното обезбедување, како и федерални агенти.

Незадоволни од социјалната политика и трошоците за Мундијалот, во бразилските градови имаше бројни демонстрации пред шампионатот, а се очекуваат и за време на одржувањето на првенството.

Претседателката на Бразил Дилма Русеф побара од војската да ги засили полициските сили во хотелите и во тренинг камповите на репрезентациите.  Исто така преземени се големи мерки за безбедност (видео камери и метал – детектори) на стадионите.

Домаќинот очекува околу десет илјади навивачи од „соседството“ од Аргентина, а познато е дека најекстремните од нив правеа немири на Светските првенства во Мексико (1986 година), во Франција (1998) и во Јужна Африка (2010).

Владата на Аргентина испрати листа на потенцијални бунтовници, но во Бразил проценуваат дека тешко ќе успеат сите да ги стават под контрола.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он