Филе поддржува прием на Украина, Молдавија и Грузија во ЕУ

Од:

Украина, Грузија и Молдавија треба да станат полноправни членки на Европската унија, вели еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за германскиот весник „Велт“.

Филе, како што пренесоа чешките медиумии, стовремено повика на институционални и политички промени во европскиот блок, кој ќе овозможи проширување на Унијата и подлабока интеграција.

– Ако навистина сакаме да ги трансформираме земјите од Источна Европа, мораме да ја користиме најмоќната алатка што за таа промена ја имаме на располагање – а тоа е проширувањето, вели Филе.

Тој, додаде дека европската перспектива во источноевропските земји и покрај сите услови кои со тоа се поставени, е најдобриот поттик за неопходните реформи, јави дописникот на МИА од Прага.

– Пред неколку месеци, земјите од ЕУ изјавија дека Спогодбата за асоцијација со Украина не е крајната цел на нашата соработка. Мислам дека овој став треба да важи и за источните соседни земји, кои како Грузија и Молдавија ќе го потпишат Договорот за асоцијација со ЕУ,  изјави чешкиот еврокомесар.

Тој, исто така повика на внатрешни реформи во Унијата, за да може  европскиот блок да ги прифати новите членки.

Филе подржува и создавање на нови политички и институционални рамки кои ќе овозможуваат континуитет во политиката за проширување заедно со подлабока интеграција.

Комесарот Филе сака ЕУ да се смени во „повеќеслојна“ заедница и во Европа со повеќе брзини.

Спогодбата за асоцијација и други трговски договори, Молдавија и Грузија ќе ги потпишат на 27 јуни. Истиот ден, таков договор треба да потпише и Украина, но Киев сега настојува економскиот дел од Спогодбата за асоцијација да го парафира пред тој датум.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија