Ахмети се сретна со француската амбасадорка Лоренс Оер

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со француската амбасадорка Лоренс Оер и со Рено Дорлиак, одговорен за Балканот при француското Министерство за одбрана.

Француската амбасадорка, како што информира ДУИ, му честитала на Ахмети за постигнатиот резултат на парламентарните избори и за посветеноста на партијата кон евроатлантските интеграции.

Од француска страна била истакната поддршката во процесот на пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ и охрабрување локалните власти да се обидат да постигнат компромис за сите отворени прашања.

Ахмети се заблагодарил за француската поддршка и посочил дека е време за сериозна посветеност од меѓународната заедница за постигнување компромис со Грција.

– Македонија има потреба за одржлива стабилност и безбедност, здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и економски развој. Сите тие предуслови овозможуваат благосостојба во општеството. Но, сето тоа се постигнува само преку членството во НАТО. Страните треба што е можно поскоро да седнат и конструктивно да разговараат до пронаоѓање компромис. Овој процес треба да се помогне и од страна на меѓународната заедница бидејќи успехот на овие разговори ќе има позитивно влијание врз земјата и регионот, исто како и договорот меѓу Приштина и Белград, рекол Ахмети.

Тој оценил дека постои простор засегнатите страни да седнат и да разговараат за изнаоѓање компромис за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

На средбата се разговарало и за подготовките околу самитот на НАТО во септември во Кардиф при што соговорниците повториле дека одлуката на Алијансата од Букурешт во 2008 година се уште е во сила и оти за членството на Македонија во НАТО не е потребно да се повика проширувачки самит.

Ахмети ги информирал соговорниците и за разговорите за формирање на новата влада, како и за подготовките за изборниот конгрес на ДУИ што ќе се одржи на 5 јуни во Тетово.

Би можело да ве интересира

Воздухот во Скопје мирисаше на отров, а Меџити шеташе на партиски настан во Чаир, обвинува ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“