Наодите на американските научници од Универзитетот Аризона укажуваат на разлики во составот на цревната флора кај деца со аутизам во однос на останатите деца.
Во истражувањето учествувале 23 деца со аутизам и 21 дете без аутизам, а присутноста на цревните бактерии е проучувана со анализа на присутноста на 56 метаболити во фецесот на децата.
Станува збор за метаболити кои се производ на делувањето на одделни видови бактерии.
Воочени се значајни разлики во присутноста на седум метаболити за кои истражувачите веруваат дека би можеле да бидат поврзани со делувањето на невротрансмитери или контрола на нивната биоцинтеза.
Според научниците, тоа би значело дека цревните бактерии можат да го променат нивото на овие метаболити и така да влијаат на комуникација меѓу цревата и мозокот и конечно да ја променат функцијата на мозокот.
Во следната фаза на истражувањето ќе биде тестирана можноста фекални трансплантати да влијаат на симптомите на аутизмот.