Формула според која Англичаните ќе го освојат Светското првенство

Од:

Атмосферата пред Светското првенство во Бразил се вжештува, а славниот теоретски физичар Стивен Хокинг пресмета што се е потребно за англиските фудбалери од Бразил да се вратат со победнички пехар.

Хокинг, на примерот на Светското фудбалско првенство од 1966 година зеде предвид голем број клучни фактори и варијабли, кои ги делат победниците од губитниците.

И додека формулата на Хокинг  можеби и не им изгледа така комплицирано на физичарите, во фудбалот постои цела низа варијбили поради која победата и не е така едноставна.

Еве идеални услови во кои фудбалерите на Англија би можеле да го освојат победничкиот пехар, но и оние кои тоа ќе им го отежнат:

Најмногу им одговара умерена клима: пораст на температурата од пет степени Целзиусови ги намалува шансите за победа на англиските фудбалери за 59 проценти.

Надморска висина – Англија има двојно повеќе шанси за победа доколку играат под 500 метри надморска висина.

Подобро играат поблиску до домот – Шансите за победа на Англичаните се за 22 отсто поголеми  кога играат недалеку од домашниот терен. Културолошките разлики им ги намалуваат шансите.

Почеток на натпреварот – Англичаните се робови на навиката така што шансите за победа се зголемуваат ако натпреварот почне во 15:00 часот по локално време.

Формација на играта – Формацијата 4-3-3 на Англичани до сега им донесе успех во 58 отсто случаи, за разлика од формацијата 4-4-2, која била успешна само на 48 проценти натпревари.

Црвени дресови – Во црвени дресови Англичаните имаат 20 отсто повеќе шанси за победа. Таа боја им дава повеќе самодоверба и оддава впечаток на агресивни и доминантни играчи.

Судии од Европа – Судии од нивниот континет им носат повеќе шанси. Со Европските судии победиле во 63 отсто натпревари, а со судиите кои се надвор од Европа само 38 проценти.

Совршен пенал

Хокинг знае и како да се изведе совршен пенал. Прво, играчот мора да биде од напаѓачките редови, светла коса или ќелав (такви играчи до сега биле поефикасни при изведување на ударот од белата точка во однос на соиграчите со темна коса), залетот пред ударот мора да биде помал од три чекори, топката мора да биде удрена со внатрешната страна на стопалото, а треба да се цели кон горниот агол на рамкатата на голот.

Што се однесува до голманот, доколку се движи од една до друга страна има 18 проценти повеќе шанси за одбрана на пеналот, пишува „Индепендент“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска