Време: Сончево со мала локална облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Утре во текот на денот и в петок Македонија ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот од кој се очекуваат поголеми врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во источната половина од земјава.

Температурата на воздухот значително ќе опадне. Променливото и свежо време, но и врнежливо ќе продолжи и за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски