Барт де Вевер мандатар за состав на новата влада на Белгија

Од:

Белгискиот крал Филип денеска на лидерот на националистичката Нова фламанска алијанса (НВА), Барт де Вевер му го довери мандатот за формирање на новата Федерална влада на Белгија.

Белгиските медиуми јавуваат дека преговорите за формирање на новата влада веќе започнале, бидејќи кралот Филип инсистирал владиниот кабинет да биде формиран во најкоро можно време.

Кралот стравува од повтрување на претходната криза, кога по изборите во 2010 година Белгија беше без нова Влада 541 ден.

По добивањето на мандатот, Вивер изјави дека би прифатил да раководи со „класична коалициска“ влада, во која би партиципирале и социјалистите, кои се жесток противник на НВА, но дека е подготвен и самостојно да управува со земјата.

На изборите одржани на 25 мај најмногу гласови освои НВА добивајќи 33 пратеници, пред валонската Социјалистичка партија со 23, валонското либерално Реформско движење со 20, фламанските демохристијани ЦДВ со 18, фламанските лидерали ВЛД со 14, фламанските социјалисти СПА со 13 и валонските демохристијани ЦДХ со девет мандати. Останатите 20 места ги освоија помали еколошки, националиситчки и екстремно левичарски партии.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски