Марко Ројс од Борусија Дортмунд е избран за најдобар играч во Бундес лигата за сезоната 2013/2014 според анкетата на германски „Кикер“ во која учествувале 220 фудбалери. Ројс сезоната ја заврши со 16 голови и 14 асистенции.
Ројс (24 години) добил 45,6 отсто од гласовите, а веднаш зад него е рангиран неговиот клупски колега Роберт Левандовски, а потоа следува триото од шампионот Баерн, Ариен Робен, Филип Лам и Тиаго Алкантара.
Признанието најдобар голман му припадна на чуварот на мрежата на Баерн, Мануел Ноер, додека за најдобар тренер е избран Маркус Вајнцирл од Аугсбург.
Ланскиот победник Франк Рибери доби само шест гласови.