Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, им го честита 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија, на македонските граѓани.
„Денес, во светот многу народи и држави имаат свои, големи, историски датуми и настани. Тие, ја обликуваат свеста на граѓаните и ги проектираат патиштата по кои се движиме. Тие се и паметник за времињата што поминале, но и најголем потсетник за одговорноста што ја имаат.
– Македонија во минатиот век ја одбележаа три клучни настани: Илинден 1903, АСНОМ 1944 и 8. Септември 1991 година кои се нашите меѓници на патот кон освојувањето на слободата. Убеден сум дека 8. Септември е денот кога таа цел се оствари, благодарение на решеноста на граѓаните на Република Македонија на најдемократски начин преку референдум да ја изрази својата волја за сопствена држава вреднувајќи го идеалот и стремежот на нашите предци.
– И ние сите заедно сплотени и обединети ќе ја воздигнеме Република Македонија во држава на која ќе сме горди не само ние туку и генерациите што ќе следат“, вели во честитката, Вељаноски.