Власите со свечена Академија го одбележаа Националниот ден – 23 Мај

Од:

Ние Власите во Република Македонија секогаш бевме, сме и ќе бидеме фактор на стабилност. Не од денес туку од пред 2000 години сме на овој балкански простор, распоредени во сите балкански земји, рече претседателот на Партијата на Власите од Македонија, Мите Костов Папули во обраќањето пред присутните на свечената академија што се одржа денеска по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.

– Во Република Македонија се чувствуваме на свое, а има зошто. Затоа што имаме пролеано крв започнувајќи уште од 1903 година. Сплотени да го зачуваме јазикот, културата, традициите и сите придобивки на една демократија, а тоа во Република Македонија ние го имаме, рече Костов Папули.

На свечената академија министерот за надворешни работи Никола Поповски во името на Владата на Македонија на Власите им порача дека овој ден за нив претставува значаен момент за, како што кажа, манифестирањето на национална свест и негување на своето минато.

– Ви посакувам и понатамошно негување на влашките традиции, обичаи и идентитет кои Македонија како држава ги обезбедува преку највисокиот правен акт, преку Уставот, порача Поповски.

Во име на Собранието на Македонија, пратеничката Силвана Бонева им го честиташе денот на Власите и им посака лично здравје и просперитет и како што рече, да продолжи заедничката нишка која не врзува со генерации наназад, да живееме заедно.

-Јас сум среќна што Република Македонија е земја во која од 1991 година па наваму, влашкиот народ е составен дел на Уставот на Република Македонија. Иако влашкиот народ е распростанет и во другите балкански земји, меѓутоа во ниедна друга земја не е признаен како во Македонија, посочи Бонева.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска