Современите достигнувања во областа на медицината навистина се големи. Науката успеа да помогне на луѓето, со до сега неизлечиви здравствени проблеми. Ние ви претставуваме некои од најуспешните медицински иновации.
Нови вагини од клетки на пациентки
Четири тинејџерки кои се родени без вагини, или нивните органи биле целосно неразвиени, добиле нови и тоа создадени од нивните сопствени клетки.
Пациентки родени со Мајер Рокитански Кустер синдром, дале примероци од мускули и епителни клетки во Медицинскиот центар Вејк Форест Институт за регенеративна медицина, а врз основ на нив направени се своевидни модели во форма на вагина, околу кои се оформило ново ткиво.
По осум години од тој зафат, сите пациентки имаат сосема нормални и функционални органи, без негативни последици дури и можност за постигнување на сексуално задоволство.
Бионичко око
Роџер Понц е еден од четворица во САД кој добил бионичко око, имплант на вештачка ретина која работи во комбинација со посебни очила со видео камера и трансмитер.
Сликите кои ги снима камерата се претвораат во серија електрични импулси и безжично ги пренесуваат низа електроди на површина на ретината.
Пулсирањето ги стимулира преостанатите здрави клетки во ретината и предизвикуваат пренос на електричен сигнал на оптичкиот нерв.
Визуелната информација така стигнува до мозокот, каде се претвора во светлост која може да се препознае и интерпретира.
Нов пенис за човек на кого органот му бил ампутиран
Поради грешка при обрежување, Мајк Мур, сега 30 годишен, добил инфекција поради која го ампутирал целиот пенис.
Меѓутоа, тој во 2007 година го запознал естетскиот хирург др. Гордон Ли од Универзитетот Стенфорд, кој за него го реконструирал машкиот полов орган.
Мур по зафатот успеал да се реализира и како татко, а неговата жена зачнала по природен пат.
Рскавица од лабораторија
Пет лица добиле нови носеви, откако научниците успеале да развијат рскавица во лабораторија.
Пациентите, од кои сите имале дефекти на носот, поради операција на рак на кожата, сега можат нормално да дишат и задоволни се со својот изглед, откако примиле вештачка рскавица.
Ја направиле научници од Биомедицинското одделение на Универзитетот во Базел, кои ги користеле клетките на пациентите за овој потфат.
Вештачка рака со чувство на допир
Човек кој останал без рака, сега повторно може да чувствува допир и тоа благодарение на посебна протеза. Данецот Денис Або Соренсен, е прв човек кој го испробал единствениот прототип на бионичка рака.
Во тек на повеќемесечно тестирање, Або кој во некои делови на тестирањето имал заврзани очи, можел да почувствува различни предмети во бионичката дланка и да ја одреди нивната големина. Тој вели дека раката е фантастична.
Хафингтон пост – Њујорк