На 24 мај, на празникот на сесловенските апостоли и просветители Светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Св. Кирил.
Единствените мошти на Свети Кирил во земјава ќе бидат изложени во Католичкиот храм во Богданци, кој го носи името на солунските браќа, за време на светата Архиерејска Златоустова литургија, која ќе почне во 10:00 часот.
Литургијата ќе ја предводи д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа ќе се одржи Молебен во чест на Светите Кирил и Методиј.
Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.