Утре, на Денот на независноста на Република Македонија, 8 септермври, ќе се запали вечниот оган кај споменикот на Паднатите херои
Општина Центар утре на свеченото отварање во 12.15 часот ќе го запали вечниот оган на спомен обележјето на Паднатите херои за Македонија.
Ова издание во паркот “Жена Борец“ е изградено во чест на сите знајни и незнајни борци и херои кои го положиле животот за Македонија.
Автор на споменикот на паднатите херои чија изработка чини 1,7 милиони евра, е Томе Аџиевски.