Албанија најави старт на бродска линија Подградец-Охрид-Струга

Од:

Албанскиот министер за транспорт Едмoнд Хаџинасто при престојот во Подградец најави почеток на бродската линија Подградец-Охрид-Струга.

– Врз основа на договорот меѓу министерствата за транспорт на Македонија и на Албанија, бродската линија ќе профункционира од 15. јуни се до 15. септември, што значи за главната туристичка сезона. Нејзиниот старт ќе даде нов импулс за развој на туризмот во Поградец, изјави Хаџинасто.

Во Подградец тој се запознал со текот на работите околу пристанишната инфраструктура неопходна за старт на бродската линија, односно испсловување, впловување и закотвување на бродовите.

– Реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид, но јас сум убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс за сите туристички услуги во Подградец и за сите други оператори кои ќе бидат заинтересирани, нагласил тој.

Стартувањето на бродската линија Подградец- Охрид-Струга е најавувана со години наназад. За доцнењето, градоначалникот на Подградец Артан Шкумби ја обвинил досегашната власт, која, како што рекол, „со нејзиното бирократско однесување ги попречувала двете земји да ја реализираат оваа идеја“. Тој очекува голем бенефит од стартувањето на бродската линија.

Би можело да ве интересира

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани