ДПА: По поплавите на Балканот претстои акција за расчистување

Од:

По повлекувањето на водите од поплавените региони во Балканот, фокусот на активностите ќе се насочи кон расчистување на теренот уништен од еднонеделните поплави што ја предизвикаа смртта на најмалку 48 лица, оценува германската агенција ДПА во својата анализа за состојбите во поплавените подрачја.

Во анализата се оценува дека службите за справување со вонредни состојби во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска и во следните денови ќе мора да преземаат мерки за да ги држат под контрола надојдените реки и ќе останат во состојба на зголемена готовност поради можни нови поплави, иако властите велат дека најголемата опасност минала.

Во последното деноноќие состојбата е „малку подобрена“, иако експертите предупредуваат дека надојдените води во реките Дунав и Сава би можеле да предизвикат поплави и во реонот на Белград.

Според ДПА, приоритетна задача во погодените региони по повлекувањето на водата ќе биде отстранување на калта и остатоците од пцовисаните животни и возобновувањето на снабдувањето со вода за пиење.

Србија најави дека ќе побара помош од фондовите на ЕУ за вонредни состојби, имајќи предвид дека се стекна со такво право со добивањето на статусот на кандидат за членство во унијата. Средства од истите ќе добие и Хрватска, која веќе е членка на ЕУ.

За разлика од нив, Босна и Херцеговина се наоѓа во понезавидна положба, бидејќи нема право на помош од европските фондови, наведува ДПА. Босанското Претседателство вчера побара од ЕУ кон БиХ да има ист пристап, како и кон Хрватска и Србија кога станува збор за доделувањето помош за поплавените подрачја.

На подрачјето на Балканот само за три дена наврна дожд колку што изнесува тримесечнот просек што доведе до разопрни поплави. Поради дождовите десетици реки, главно Сава и нејзините притоки се излеаја од своите корита и поплавија големи површини и предизвикаа повеќе стотици свлечишта во планинските делови на БиХ и Србија.

Елементарната непогода, која е оценета како најкатастрофална во регионот откако се водат статистички податоци, предизвика штети во вредност од неколку милијарди долари, заклучува германската агенција во својата анализа.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија